Идеален производ наменет за поголем пазар вклучувајќи фото студија, маркетинг агенции, сервис центри, образовни институции и многу други дејности. Ги има сите неопходни особини потребни за копирање и изработка на мултимедијални дискови по Ваш вкус. Со помош на 6 бои , AcuGrip™ прецизна роботска рака, одличен софтвер и неверојатна сигурност при изработката, ќе постигнете одлични резулатати.
Новата GT-S80 Епсон-ова серија на скенери овозможуваат голема брзина при двострано скенирање, висока резолуција и зголемување на продуктивноста во извонредно компактен дизајн. Оваа серија нуди ефтин и ефективен процес на скенирање како и можност за брзо и едноставно интегрирање во било кој документ менаџмент систем. Опремен со многу функции и одличен софтверски пакет, Ви овозможува високи перформанси и ефикасност при скенирање и архивирање на Вашите бизнис документи.
ESPRIMO Mobile U9200 - ултра подвижен преносен компјутер -
Во чекор со последниот технолошки развој со Intel®Centrino®Processor ви овозможува продуктивно работење секогаш кога тоа сакате да го правите. Перфектна комбинација од мала тежина , временски долга независност од напојување и неограничени можности за остварување на конекција.
Овој професионален преносен компјутер е со супер 12.1” WXGA екран и интегрирана конференциска камера. Во комбинација со напредните UMTS/HSDPA протоколи ќе бидете секогаш во контакт со вашите колеги, партнери и клиенти без разлика кога и каде се наоѓате.
Со Epson SX-115, Вашето печатење, скенирање и копирање ќе биде на едно место. Од високо квалитетни документи до фотографии како од фото лабораторија, ќе постигнете неверојатен отпечаток со помош на Епсоновите DURABrite Ultra мастила. Овој “3 во 1” печатач исто така вклучува и едноставен софтвер за користење со кој можете да го извлечете максимумот од Вашите фотографии. Одстранете ги непожелните “red-eye” појави на вашите фотографии, додека со притискање на едно копче можете да ги скенирате Вашите стари фотографии и да им вдахнете живот со помош на Epson Easy Photo Fix™.
Идеален за образовни институции
Извонредната вредност е надополнета со 5000 часа животен век на лампата за поголема стабилност и безгрижност при користењето. Epson EB-S72 е дефинитивно Вашиот партнер во образованите институции.
Совршен за мали канцеларии
Од SVGA до WXGA, новиот EB-S72 одговара за користење во мали бизнис средини, можност за монтирање на таван како прифатливо решение за опремување на мала сала за состаноци или за презентација на “ лице место “ благодарение на малата тежина и компактните димензии.
Променете го Вашоит начин на печатење со мастилните бизнис печатачи на Епсон.Комбинација од одличен отпечаток во боја и црно бел текст со ласерски квалитет и со иста цена на чинење споредено со ласерски црно бел печатач. Зголемете ја продуктивноста и печатете со брзина до 37 стр./мин., бизнис серијата на Епсон нуди неверојатна флексибилност и сигурност во Вашата работа.
Епсон е предводник кога станува збор за големоформатни печатачи во боја и црно-бело печатење со големина на формат до 64”
Подобрете го квалитетот на печататење со Епсоновата револуционерна технологија со Epson Micro Piezo TFP™ глава на печатење.
Епсоновиот EMP-DM1 збаваен центар или познат како домашно кино е одлично решение за Вашиот дом и е составен од проектор, DVD/CD/DivX/Mp3 читач и одличен аудио систем во компактен дизајн. Ви овозможува проекција на голем екран,прилагодлив во било која просторија и едноставен начин на употреба, само прклучете го кабелот за напојување, ставете CD или DVD диск и уживајте.
Со Епсон DM серијата може да гледате DVD/DivX филмови, да слушате MP3 музика,преглед на слики директно преку USB приклучок,можност да го поврзете со камера,конзоли за играње,компјутер или телевизор.
Епсоновата Perfection V700 серија на скенери се идеално решение за фото ентузијасти и напредни аматери - фотографи. Се одликуваат со уникатен систем од две леќи (Dual Lens system) и опремени со Digital ICETM технологија, ќе Ви овозможат скенирање на филмови и слики со исклучително висок квалитет.