Далечински асистент за евиденција на нарачки
Софтвер за on-line евиденција на нарачки
Основна задача на овој софтвер кој е наменет за мобилни уреди од типот на PocketPC е обработка на податоците поврзани со нарачките за набавка на роба кои Вашите комитенти ги упатуваат кон Вас. Со негова употреба значително се олеснува и поедноставува работата на комерцијалистите.
Нивната задача се сведува на креирање на нарачките на терен и нивно верифицирање од страна на комитентот со дигитален потпис. Следи акцијата на испраќање на нарачката која автоматски се проследува до серверот, каде истата се ажурира.
Комуникацијата со серверот и синхронизацијата со истиот се изведува преку GPRS конекција, што го прави овој систем навистина моќен. Системот е дизајниран така да овозможи и дисконектирана работа, т.е. ги покрива и сценаријата кога комерцијалистите не се во можност да остварат GPRS конекција, во тој случај податоците можат да бидат префрлени конектирајќи се со серверот преку кабел.
Користејќи го овој систем, податоците што комерцијалистите ги поседуваат во мобилниот уред се во секое време достапни на серверот, т.е. на луѓето задолжени за планирање и контролирање на дистрибуцијата.
Придобивки од користењето на системот за евиденција на нарачки
• Зголемување на ефикасноста и продуктивноста на комерцијалистите
• Значително олеснување на нивното секојневно работење
• Достапност на комерцијалистите секогаш до ажурни податоци без разлика на нивната моментална локација
• Овозможување на далечинско работење
• Поставување на континуиран проток на податоците помеѓу различните документи, т.е. од еднаш креирана нарачка, понатаму произлегуваат испратници и фактури, без нивно повторно внесување во системот
• Намалување на грешките во работењето продуцирани од субјективниот човечки фактор
• Поголема ефикасност во планирањето и организирањето на дистрибуцијата на продуктите