Human Resources Management System

Web базирано решение за администрирање на човечките ресурси во рамките на една компанија

Дигит компјутерски инженеринг својата палета на апликативни софтверски решенија, меѓу кои и модулот за пресметка на личен доход, ја комплетираше со создадавање на апликативното решение за менаџирање на човечките ресурси во дадена компанија.

Софтверот е изработен согласно барањата на клиентите кои имаат потреба од автоматизирање на процесите поврзани со оваа проблематика, а гарант за неговиот квалитет е долгогодишното искуство на Дигит компјутерски инженеринг на полето на создавање и имплементирање на интегрирани деловни информатички системи.

Системот претставува WEB апликација која работи на најновата Microsoft платформа за градење на динамички WEB сајтови и апликации - ASP.NET 2.0. Податоците се складираат и обработуваат во SQL Server 2000/2005 база на податоци чија сигурност, флексибилност и брзина се во повеќе наврати докажани во ваквиот тип на апликации.

Ваквата поставеност на апликацијата овозможува таа да биде серверски ориентирана и нејзината функционалност да не зависи воопшто од одалеченоста на нејзините клиенти. Како медиум за комуникација помеѓу клиентите и серверот го користи интернетот доколку се работи за поголеми дистанци кои не се покриваат со LAN мрежа или VPN околина, но не се исклучени истите во случај на системи од позатворен тип. Ваквата флексибилност на изборот на комуникациската технологија го прави овој продукт модерен и исклучително ефикасен.

Апликацијата овозможува документирање и архивирање на сите акции кои директно ја афектираат состојбата на вработните, со што се постигнува поголема контрола и ажурност на податоците. Пребарувањето низ базата на податоци е реализирано по различни критериуми како организациона единица, функција и слично. Креирани се механизми со кои се нуди документирање на различни типови акции, при што целиот процес на документација се сведува на следење на автоматизмот што го нуди системот. Со неколку едноставни чекори добивате документ подготвен за печатење. Можностите што се нудат како избор од страна на системот се поврзани со некои од подолу прикажаните акции:

  -       вработување
  -       прекин на работен однос,
  -    промена на работно место
    
(функција, организациона   единица,надоместок) 
  -      боледувања
  -      отсуства
  -      потврди/уверенија/изјави
  -      друго

* Во комбинација со модулот за пресметка на плата од пакетот Деловен експерт овој систем покажува исклучителни перформанси, при што наполно се автоматизира процесот на пресметка.

  



ПРЕБАРУВАЊЕ

ЗА ЧЛЕНОВИ

Name
PWD