Попис на основни средства
Инвентаризација на основни средства
Софтверот за попис на основни средства претставува апликативно, програмско решение кое им овозможува на корисниците лесно, брзо и ефикасно попишување на основните средства во рамките на нивната компанија.
Проблемите кои со себе ги носеа досегашните начини на попишување на физичките објекти се надминати со решението кое ние го нудиме. Можностите за настанување на било какви грешки се минимизирани и речиси комплетно е отфрлен човечкиот фактор како најчест иницијатор на грешки.
Преносот на податоците од уредот кон персонален компјутер и обратно е наполно автоматизиран. Дизајнирана е Desktop апликација која го координира целокупниот трансфер на податоците во двете насоки.
Еден циклус на попишување на основни средства користејки го овој систем се состои од следните чекори:
Чекор 1: Преземање на податоци на рачниот терминал.
Податоците се преземаат од персонален компјутер на кој се наоѓаат податоци кои ги опишуваат самите основни средстава, меѓу кои се:
- Назив на основно средство;
- Локација;
- Одговорно лице;
- Состојба во која се наоѓа основното средство (оштетеност и слично);
- и други.
Чекор 2: Попишување на средствата на местото на нивно физичко појавување.
Основните средства се попишуваат со скенирање на баркод лабела, каква поседува секое основно средство, на која е прикажана неговата шифра. Скенирањето се спроведува со користење на баркод читачот кој е интериран во самиот уред. Ваквиот начин на попишување овозможува исклучително брзо и ефикасно евидентирање на основните средства.
Чекор 3: Префрлање на податоците од уредот кон персоналниот компјутер.
* Системот покажува извонредни перформанси во комбинација со модулот за евидентирање на основни сретства интегриран во апликативниот пакетот “Деловен експерт”