Далечински асистент за амбулантна продажба

Софтвер за on-line
евиденција на дистрибуција

Апликативен софтвер наменет за мобилни уреди од типот на PocketPC и SmartPhone - чија цел е да ја направи дистрибуцијата на вашите производи поефикасна и поверодостојна.

Апликацијата е прилагодена кон димензиите на мобилниот уред, при што работните форми се дизајнирани со особено внимание како би можеле да бидат што поедноставни и поинтуитивни за користење. погледни повеќе>>

Софтверот за евиденција на дистрибуција овозможува креирање на документи на терен и нивна наплата проследена со печатење и фискализирање. Акциите на печатење и фискализирање се изведуваат безжично.

Она што го прави овој систем навистина моќен претставува далечинската комуникација со серверот и синхронизацијата со истиот - преку GPRS. На тој начин податоците што дистрибутерите ги поседуваат во мобилниот уред се во секое време достапни на серверот, т.е. на луѓето задолжени за планирање и контролирање на дистрибуцијата. Во комбинација со пакетот за деловно работење Деловен Експерт, овој систем пoкажува извонредни перформанси овозможувајќи комплетен мониторинг на фактичката состојба на целокупната дистрибуција. 

сл. Принципиелна шема на функционирање на системот


Зависно од потребите на клиентите софтверот го нудиме во комбинација со неколку различни модели на џебни компјутери. Новитет е уредот Portable Data Terminal SC600-PDT, чиј што дизајн е прилагоден за индустриска употреба и работа на терен. Целиот уред е обложен со заштитна гумирана обвивка, која ја гарантира неговата безбедност и при падови поголеми од 1.5 метри. Истиот е опремен и со бар код читач што само ја дополнува неговата практичност и функционалност. Повеќе за уредот ќе најдете на следниот линк SC600-PDT.

 

CASE STUDIES

Delta Ice Cream - MacedoniaОткако беше согледана потребата од поголема ефикасност во работењето на оваа компанија, во делот на дистрибуцијата на нивните производи , експертскиот тим на Digit Computer Engineering создаде решение кое комплетно ги покрива проблемите кои се јавуваат при амбулантната продажба. 

Предизвици при креирањето на оваа солуција беа: - Безжичното печатење на документите и фискалните сметки на местото на нивно креирање, т.е. на терен.
- Секојдневно испраќање на податоците од џебните компјутери кон серверот.
- Синхронизација на состојбата во џебниот компјутер со онаа на серверот.

Придобивки од користењето на овој систем:
-
Значително подобрена евиденција во работењето на дистрибуцијата.
- Намалување на трошоците иницирани од потребата  за чести доаѓања на дистрибутерите во центарот.
- Воведување на фискализација при продажбата.
- Полесно и поефикасно планирање на набавките.
- Намалување на секојдневните обврски на луѓето во комерцијален сектор.



ПРЕБАРУВАЊЕ

ЗА ЧЛЕНОВИ

Name
PWD